На адресата на најмалку три белградски училишта утринава пристигна дојава за поставена бомба.
Како што дознава нашиот портал, едно од тие училишта е и ОУ „Васа Пелагиќ“ во Котеж.
„Тие во моментов проверуваат што се случува. Се уште ништо не ни е кажано дали да ги носиме децата на училиште или не, а наставата почнува за 20 минути“, вели за Нова.рс родител чии деца го посетуваат ова училиште.
Истата вест утрово стигна и на адресата на училиштето „Лаза Костиќ“ во Нов Белград.
Како што пренесува Телеграф.рс, дојавата за бомба стигнала и во училиштето „Дринка Павловиќ“, каде родителите на децата кои посетуваат настава утрово добиле порака да не ги носат децата бидејќи имало дојава за бомба.
На терен е испратена контрадиверзантска екипа на МУП.
nova.rs