(ВИДЕО) Глушец се растрча по пешкирите поставени на плажа во Црна Гора

Додека туристите се сончаат на плажата Бијела во Херцег Нови, стаорец слободно се шета по распосланите пешкири. Видеото од стаорецот е објавено на инстаграм профилот „Подгорички времеплов“.

Не се прецизира за која плажа се работи, иако коментаторите веќе шпекулираат, обвинувајќи ги капачите кои оставаат отпад зад себе, но и надлежните служби.

Многумина се згрозени од посетата на непоканетиот гостин, додека за други видеото било инспиративно за шега на темата, пренесува „Нова“.