(ВИДЕО) Мајката на порашениот економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката, без потврден канцер

Поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, во интервју за ТВ „Клан“ признава дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, но вели дека не се лекувала од рак. Тоа, според Нухи, го дозволил тогашниот медицински директор доктор Нино Васев. Но, Клиниката за онкологија во 2022 година во декември, на прашањата на „Слободен печат“ за оваа пациентка за која интензивно се интересиравме поради дојави од читатели, тврдеше дека била примена таму поради сомнение за карцином. Сосема спротивно на тоа, Нухи вчера во интервјуто кажа дека не се лекувала од рак, објави slobodenpecat.mk.

– Беше период на ковид и кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, изјави Нухи.

Наспроти ова тврдење, Клиниката за онкологија никогаш во пандемијата не функционираше како ковид центар ниту во Македонија ниту каде било во светот, затоа што пациентите со канцер сместени на Онкологија имаат компромитиран, слаб имунолошки систем и не е дозволиво да се мешаат со други болни пациенти, најмалку со оние кои имаат ковид, бидејќи тоа за нив може да заврши фатално.

На прашањето дали е можно на мајка му да ѝ биле препишувани лекови за канцер, кои што ги добивал некој друг (фиктивно да биле издавани на име на мајка му, а да завршувале кај друг пациент), Нухи изјави дека не е компетентен да зборува за терапијата.

-Тоа може да го докажат докторите, посочи екс директорот кој отфрли постоење на листа на други членови на неговото семејство лекувани во болницата.

Текстот во целост на: slobodenpecat.mk

видео: ТВ Клан