Наталија Митовска е нов генерален секретар на Град Скопје, Данела го разреши Глигоров

Наталија Митовска, е нов генерален секретар на Град Скопје. Митовска е сопственичка на продукцијата „Трипл диџит продакшн“ и сопруга на сопственикот на порталот „Инфомакс“ Александар Митовски – Мечка. Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска го разреши од функција досегашниот генерален секретар Зоран Глигоров и на негово место ја назначи Митовска, објави „СДК.мк“.

Разрешувањето на Глигоров, кој беше најблизок соработник на Арсовска, доаѓа откако неговата сопруга го пријави во полиција за семејно насилство.

Од кабинетот на Арсовска велат дека Митовска доаѓа на функцијата како „професионалец кој значително ќе придонесе во работата на Градот“.

Митовска била носител на високи раководни функции во Владата. Од 1998 година работи како советник на потпретседателот на Владата, а од 2000 до 2002 била помошник-министер за внатрешни работи задолжен за меѓународна соработка и европски интеграции. Митовска била и советник на генералниот директор на ЕЛЕМ од 2015-2019 година“, велат од Градот.

Текстот во целост на:СДК.мк