Од вторник доаѓа промена на времето со дожд и пад на температурите

Самиот крај на оваа 2023 година ќе го заокружиме со натпросечно топло време за овој период до годината, освен во котлините со магла и со ниска облачност каде температурите ќе бидат пониски.

Слично време ќе имаме и за време на новогодишната ноќ, стабилно, суво и не многу студено со температури кој ќе се спуштаат до околу, или за некој степен над нулата. Температури за неколку степени под нулата се очекуваат само на повисоките и на планинските места, а по котлините и понатаму ќе биде магливо и загадено.

Промена на времето и локални врнежи од дожд ќе има уште во првите денови од новата 2024 година, односно од вторник 02.01.2024. Сепак температурите остануваат без промени во однос на сегашните (натпросечно високи).

И во Скопје  и околината продолжува магливото време, а и загаденоста ќе биде многу висока.

Вистинската зима секако дека ќе ни пристигне во јануари, според последните анализи околу 10 јануари, или нешто пред тоа. Едно е сигурно, а тоа е дека студот и снегот и тоа како ќе ги има кај нас на Балканот во периодот од 1 до 3 месец, стои во најновата метео објава од метеопрогнозерот Славчо Попоски.