Убиен српски рапер во Германија, уапсен за убиството е косовски Албанец

Раперот познат како „Алекс М“ (38) е убиен во Германија, пред кафеана во Дизелдорф, поради што е уапсен и Албанецот Рустем Лапи (52), кој е осомничен дека го извршил ова дело, објави 4news.mk.

Имено, како што пренесуваат медиумите во Германија, убиството се случило вечерта меѓу неделата и понеделникот во центарот на Дизелдорф по кратка дискусија меѓу овие двајца мажи.

Брзата помош молскавично пристигнала на местото на злосторството, но несреќниот спортист од Србија не можел да се спаси.

Германците тврдат и дека убиецот веднаш се вратил во ресторанот каде што бил уапсен.

Иако албанските медиуми првично тврдеа дека станува збор за ММА борецот Александар Стефановиќ, жртва бил раперот „Алекс М“, пишува германски „Велт“.

 

извор:4news.mk