Власта му пркоси на Унеско – ќе продолжи да се гради спорниот хотел во Лагадинкој е најблиску изградениот објект до бреговата линија

Дивоградбата во Лагадин за која пред 3 години тогашниот Премиер Заев на трибина јавно кажа дека лично ќе се заложел да се одблокира изградбата на хотел,се остварува. И покрај тоа што своевремено беше донесено решение за поништување на одобрението за градба ,спорниот хотел во Лагадинкој е најблиску изградениот објект до бреговата линија на Охридското езеро, ќе продолжи да се гради како легален објект. За ова,градоначалникот Пецаков добил официјално известување од министерството за транспорт и врски, објави Алфа.мк.

-Цело време се носеше во некакви процедури и ни пристигна одлука на Управен суд на 14.04-ти, тоа е нешто за кое што допра ќе брифираме и разговараме и решение од страна на министерство дека повеќе не може да се расправа и да се разговара за овој објект,туку одобрението за градба кое го добил, важи. Доколку за истата парцела, истиот објект има нови некакви докази кои што можат да се презентираат, тогаш може да се отпочне постапка, поинаку воопшто нема да биде разгледувано доколку повторно се пушти или се поништи ова одобрение вели Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид.

Невладините организации бурно реагираа и постојаного осудуваа заложувањето да се помогне во легализација на хотелот, бидејќи е спротивно на препораките на Унеско,се коси со постојните законски акти па дури и со Уставот на државата.

Текстот во целост на: Алфа.мк.

Фото:

TripAdvisor