More

    На светскиот ден на културна разноликост,дијалог и развој 21 мај ,Инклузија со промоција на проектот ,,Мостови на припадност ‘’

    Целта на проектот е да се охрабри и да се продлабочи соработката помеѓу младите и преставниците од различни етнички заедници, на територијата на општина Охрид и, да се зголеми меѓукултурното разбирање, како и да се унапреди учеството на сите етничпки заедници во развојот на квалитетни политики на локално ниво, со цел изградба на меѓукултурна толеранција и споделување на вредностите на културното наследство помеѓу младите генерации. Идејата е замислена согласно концептот на владата за едно општество за сите, а најголеми придобивки ќе имаат учениците од средните училишта, студентите и младите невработени луѓе од различни етнички заедници. Специфичните цели се однесуваат на зголемувањето на меѓукултурната комуникација и соработката помеѓу различните етнички заедници нивно здобивање со капацитети за управување со носечки иницијативи, во насока на интеграција на заедниците, претставување на позитивните аспекти на живеењето во мултикултурна средина, засилување на меѓуетничката толеранција и препознавање на важноста на заедничкиот културен дух, кај нив, а сето тоа треба да биде крунисано со создавање мрежа на здруженија на граѓани од различните етнички заедници и доставување предлог за формирање комисија за односи меѓу заедниците, во општината.

    Активностите во рамките на оваа акција, ќе се одвиваат на територијата на општина Охрид. Идејата на проектот е заснована, согласно концептот едно општество за сите. Најголем бенефит ќе имаат ученици и млади од повеќе средно училишта во Охрид но и студенти и други возрасни луѓе од различни етнички заедници, кои по пат на имплементација на задачите зададени со проектните активности ќе утврдат дека нивната и иднината на градот почива врз принципите на мултикултурализмот,интеркултурализмот и позитивната комуникација и интеркултурен дијалог. Ова ќе биде еден од ретките проекти од ваков вид, кои ќе се спроведуваат на територијата на општина Охрид. Потребата е посебно дефинирана кај различни етнички заедници, во градот, кај кои е честа појавата на непознавање на јазикот, традициите, културата и обичаите на спротивниот етникум. Според истражувањата спроведени за потребите на други проекти, се потврдува дека младите генерации не ги знааат културно – историските одлики и материјалната и духовната култура на етникумите кои живеат во овој регион, не создаваат ,острови на заеднички пријателства и доверба и имаат висок праг на нетолеранција на секаква основа. Од тој аспект, сметаме дека реализацијата на еден ваков проект, ќе придонесе кон унапредувањето на ваквата состојба во општината.

    фото: Ohridvest

    spot_img
    spot_imgspot_imgspot_imgspot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    29.8 ° C
    29.8 °
    29.8 °
    48 %
    1kmh
    0 %
    Mon
    36 °
    Tue
    37 °
    Wed
    34 °
    Thu
    34 °
    Fri
    29 °
    spot_imgspot_img