Недалеку од Задар на околу 40 километри во месноста Церања, се издигнува црква посветена на Светиот пророк Илија.
Според податоците кои се наоѓаат на црквата , таа датира од 1712година, посветена на православните верници.
До црквата се стигнува низ полски, односно земјен пат, а околу неа се наоѓаат и православни гробишта кои повеќето се испишани со кирилични букви.
Во црквата при нашата посета затекнавме крштевка. Свештеното лице го извршуваше овој свет обред за малата Инес, која од денес е во православниот свет со своето свето крштение. Присуствуваа и бројни роднини и пријатели, на свечената церемонија.
Она што посебно одвлекува внимание е посебниот фрескопис на иконите по ѕидовите на црквата. Долниот дел со отсликаите светители Кузман и Дамја, Кирил и Методиј, Светите Петар и Павле и сите останати, додека во горниот дел се сцени отсликани од животот на Исус Христо, како Преображение, Цветници, Водици, Вознесение, Распетието Христово.
Целата внатрешност оддаваше впечаток на типична македонска црква.