Службите за паркинзи на ЈП „Стипион“ на влезот на градот Штип од правец на Скопје и Кочани ги стопирале воизлата без штипски регистарски ознаки и напраќале 80 денари за паркирање за посетителите на „Штипска пастрмајлијада“.
Возилата со штипски ознаки и оние кои тврдат дека не одат на манифестацијата се протпуштале бесплатно.
„Го копираме теркот на другите градови кои за вакви и слични манифестации наплаќаа при влез. Ние барем им даваме флаери на оние штом ќе платат да видат скица каде може да се паркираат во градот, посебно во околината на градскиот стадион во Штип каде се одржува манифестацијата. Со платениот влез, всушност, го плаќаат целовечерното паркирање што е на ниво на целодневното како секој обичен ден“, велат вработени во ЈП „Стипион“.
Поради наплатувањето на влезот од градот се создал сообраќаен метеж а по извесно време градоначалникот на Штип, Иван Јорданов им наложил на службениците на прекинат со напратата.
„Штом дознав за ова веднаш наредив да се стопира наплатата. Како дошло до тоа ќе видиме, но можам да кажам дека до крајот на ноќта и во текот на утрешниот втор ден од манифестацијата такво нешто ќе нема“, вели градоначалникот Јорданов, објави СДК.Годинашново издание на Штипската пастрмајлијада се одржува вечерва и утре на кај крстосницата „Дујле“.