(ВИДЕО) Два силни земјотреси вечерва повторно ја затресоа Турција – првиот со јачина од 6,4, а вториот 5,8 степени

Според информациите добиени од АФАД, се случил земјотрес со јачина од 6,4 степени, чиј епицентар бил Хатај Дефне. Додека земјотресот се почувствувал силно, граѓаните панично бегале, пренесе ИХА.

Од Европско-Медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) известуваат дека земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала се случил на длабочина од 10 километри.

Епицентарот на земјотресот бил на 60 километри северно од сирискиот град Латакија и 30 километри јужно од турскиот град Белен.

Турските медиуми јавуваат дека по земјотресот со јачина од 6,4 степени, овој пат во областа Самандаг во Хатај во 20:07 часот по локално време се случи уште еден земјотрес со јачина од 5,8 степени. Длабочината на земјотресот со јачина од 5,8 е утврдена на 7 километри.

видео: Анадолија