Настани на денешен ден, 24 октомври

0
111

1795 Русија, Австрија и Прусија ја поделиле територијата на Полска.

1797 Лима, главниот град на Перу, е разурнат од силен земјотрес, при што загинале околу 5.000 луѓе.

1857 Во Шефилд, Англија формиран е ФК Шефилд, најстариот фудбалски клуб во светот.

1918 Сфаќајќи дека со распаѓањето на Австроунгарија целосниот пораз на централните сили е неизбежен, царот Карло побара интервенција од Католичката црква за прекинување на војната. Меѓутоа, интервенцијата на Ватикан немаше успех. Сојузниците продолжија со операцијата и ги натераа Австроунгарија и Германија на безусловна капитулација.

1945 Стапи во сила Повелбата на Организацијата на обединетите нации, која заедно со Статутот на Меѓународниот суд, претставува темелен документ за устројството и дејствувањето на оваа светска организација. Тој ден се одбележува како „Ден на ООН“.

1992 Во Тетово е формиран Сојуз на албанските жени.

1997 На 5 км под површината на Индискиот Океан, нуркачите го американскиот брод кој носел 2.000 тони сребро, кое претседателот Рузвелт му го испратил на Сталин во

1944 г. Рузвелт сакал да им помогне на Русите во борбата против Хитлер, но планот пропаднал кога германскате подморници го потопиле. Во бродот имало сребро во вредност од најмалку 330 милиони долари.

 

Од Википедија — слободната енциклопедија