Борис Џонсон се откажа од трката за британски премиер

0
220

Борис Џонсон не влегува во внатрепартиската трка на конзервативните Ториевци што евентуално ќе му овозможеше политички камбек како британски премиер. „Ќе имав добри шанси за успех во пратиската база и евентуално бе можев да се вратам во Даунинг стрит во петок“, изјави Џонсон доцна синоќа. Сепак, како што истакна, дошол до заклучок дека тоа не е вистинскиот начин. „Не може ефекасно да се владеете ако се нема обединета партија во парламентот“ рече поранешниот британски премиер.

Џонсон ги потврди медиумските извештаи дека се сретнал со неговиот ривал Риши Сунак во саботата за да ги истражи можностите за заедничко решение. Тој разговарал и со Пени Мордоунт, која прва се кандидираше во внтарепартиската трка. „Се надевав дека можеме да се обединиме заради националниот интерес, но за жал не успеавме да најдеме начин да го направиме тоа“, рече 58-годишниот Џонсон.

Главен фаворит
Ова го прави Сунак, поранешен министер за финансии во кабинетот на Џонсон, најперспективен кандидат за наследник на краткотрајната премиерка во заминување Лиз Трас . Според телевизијата Би-Би-Си, повеќе од 140 парламентарци јавно ја поддржале неговата кандидатура. За успешна кандидатура за лидер на Ториевците а со тоа и за иден британски премиер неопходна е поддршка од најмалку 100 пратеници. 42-годишниот Сунак во неделата наутро, при официјалното објавување на кандидатурата на Твитер порача дека сака да ја води земјата низ кризата со „интегритет и професионализам“.

Инаку Лиз Трас поднесе оставка во минатиот четврток (20.10.2022) по само шест недели на функцијата, поради огромниот притисок од нејзината партија. Причината за тоа беа плановите на Трас за измани во финансиската и даночната политика, кои доведе до сериозни турбуленции на финансиските пазари.

 

Дојче Веле