Пет македонци повредени во сообраќајна несреќа во Грција

0
239

Рано утрово возило во кое се превезувале петмина македонски граѓани излетало од патот на патниот правец Игнација одос, кај клучката Амфиполи – Сер. Сите патници се повредени и се надвор од животна опасност, јавија грчките медиуми.

Сообраќајната несреќа се случила на клучката Амфиполи, кај Аспровалта под се уште неразјаснети околности околу 1 часот.

Возилото, според написите излетало од патот при што петмината патници се здобиле со повреди, сите од Северна Македонија, додека возачот останал заробен.

За негово извлекување била повикана Противпожарната единица додека акцијата се вршела со помош на линија за спасување, а учествувале тројца пожарникари со едно возило.

Повредените потоа со возило на Брза помош биле пренесени во болница.

makfax.com.mk