Економскиот раст на Кина во третиот квартал ги надмина очекувањата

0
117

Кинеската економија доживеа раст повеќе од очекуваното во третиот квартал од оваа година, јавува Агенција Анадолија (АА).

Националниот завод за статистика на Кина објави дека бруто домашниот производ (БДП) се зголемил за 3,9 отсто на годишно ниво.

Пазарните прогнози за економскиот раст се движеа околу 3,4 отсто поради чекорите на владата за „ефикасно спречување на пандемијата на Ковид-19, економската стабилност и безбедноста на развојот“.

Кинеското индустриско производство се зголеми за 6,3 отсто во септември во однос на претходната година, што е најбрзо темпо на раст во последните седум месеци.

Стапката на невработеност во урбаните делови на Кина се искачи на 5,5 отсто во септември, од 5,3 отсто во август, првенствено поради повторниот пораст на случаите на коронавирусот во некои градови.

 

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).