Риши Сунак(42), новиот премиер на Британија со индиско потекло

0
238

42-годишниот Сунак, кој ќе ја замени Лиз Траз откако таа се повлече минатата недела, беше единствениот кандидат што остана откако Пени Мордон денеска не успеа да ги добие 100-те номинации потребни за да остане во трката.

Поранешниот министер за финансии, Сунак, ќе биде првиот лидер од индиско потекло на Обединетото кралство.

Неговото семејство емигрирало во 60-тите години, а тој по дипломирањето на универзитетот во Оксфорд, заминал на универзитетот Стенфорд каде ја запознал сопругата Акшата Мурти, чиј татко е индискиот милијардер Нарајана Мурти, основач на Аутсорсинг гигантот „Инфосис“.

Според проценките на „Сандеј Тајмс Рич Лист“, двојката Сунак поседува богатството од околу 730 милиони фунти.

 

vesnik.com