Директорот на скопската гимназија „Орце Николов“ изјави дека завршила проверката на безбедносните единици во објектите на училиштето и не била откриена никаква експлозивна направа. Вели дека заканата ја пријавиле откако на службената имејл адреса пристигнала порака со вознемирувачка содржина, објави Телма.
„Моравме веднаш да интервенираме, бидејќи пораката беше дека е поставена бомба на територијата на училишето“, ни изјави директорот.
извор: Телма.
фото: Телма.