ЛП Лајка: Изгубивме прекрасна колешка, ценет пријател со големо срце и огромен љубител на кучиња – ненадејно почина младата Ивана

ЛП Лајка соопштија трагични вести. Имено, како што се вели во објавата ненадејно почина младата Ивана Дерлива.

Во продолжение во целост ви ја пренесуваме нивната објава.

„Денес изгубивме прекрасна колешка, ценет пријател со големо срце и огромен љубител на кучиња…денес не напушти ненадејно нашата сакана Ивана Дерлива.

Нејзината прерана смрт не остави скршени и во неверување😢😢😢….

ИВАНА НАША НАЈМИЛА…. беше и ќе останеш секогаш запаметена по својата насмевка, неверојатна позитивна енергија, голема добрина, хуманост и борбеност за подобар живот на бездомните кучиња.

За нас ќе останеш секогаш неговател за пример.

Ќе ни недостигаш бескрајно, но не само на нас, туку и на кучињата кои особено те сакаа.

Почивај во мир, Твоите колеги од ЈП Лајка.“

 

извор: ЈП Лајка