Најмалку седум лица загинаа, а 11 се повредени во тешка сообраќајна несреќа меѓу камион и патнички автобус во провинцијата Агри, на истокот на Турција.
„Седум наши државјани ги загубија животите, кога автобус налета на камион и се запали“, потврди турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, пренесува „Ројтерс“.„Голем број спасувачи се испратени на местото на несреќата, а спасувачките напори продолжуваат“, се вели во соопштението на турското Министерство за внатрешни работи.
Патнички автобус на приватна автобуска компанија се превртел на главниот автопат кај Болу.
Автобусот се движел од Кајсери кон Истанбул.
slobodenpecat.mk