More

    (ВИДЕО) Вучиќ: Србија од четврток нема да извезува пченица, брашно, пченка и масло

    Србија ќе го сопре извозот на масло, пченица, пченка и брашно од четврток, кажа претседателот на Србија Александар Вучиќ. Зборувајќи за ситуацијата со пченката и пченицата, Вучиќ кажа дека чека Русија да го забрани извозот на тие две житарки.

    „Имаме предност само кај пченицата и пченката“, кажа српскиот претседател.

    Додаде дека од четврток повеќе нема да има извоз на брашно од Србија, истакнувајќи дека Србија ќе има доволно за себе и за регионот.

    Поради тежината на светската економска криза, Вучиќ наведе дека Европската Унија се спрема за рецесија, а Србија планирала раст од 4 отсто оваа година.

    „Трета година рецесија за ЕУ. Не мислам дека е реално и нашиот раст да биде +4“, кажа тој.

    „Сите се влезени во некаква светска војна, повеќе никој не размислува за своите интереси“, заклучи српскиот претседател.

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    20.8 ° C
    20.8 °
    20.8 °
    73 %
    0kmh
    0 %
    Sat
    36 °
    Sun
    32 °
    Mon
    24 °
    Tue
    29 °
    Wed
    19 °
    spot_imgspot_img