More

    „Туркиш ерлајнс“ откажа повеќе од 200 лета поради најавениот снег

    Националниот авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ откажа околу 205 лета кои требаше да полетаат в четврток, откако беа прогнозирани обилни врнежи од снег во Истанбул, објави Агенција Анадолија (АА).

    „Поради очекуваните лоши временски услови во Истанбул, некои од нашите летови од и до аеродромите „Истанбул“ и „Сабиха Ѓокчен“, планирани да полетаат на 10 март, се откажани“, вели авиокомпанијата во денешното соопштение.

    Откажувањето вклучува околу 114 домашни и 71 меѓународен лет на „Туркиш ерлајнс“ од и до Аеродромот „Истанбул“ и околу 20 домашни лета од „Анадолу џет“ од и до Аеродромот „Сабиха Ѓокчен“, главниот воздушен центар во Истанбул на азиската страна на градот.

    „Бројот на откажувањата најверојатно ќе биде зголемен поради временските услови“, додаде авиопревозникот.

    извор: Агенција Анадолија (АА).

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    broken clouds
    17.8 ° C
    17.8 °
    17.8 °
    82 %
    0.5kmh
    75 %
    Tue
    28 °
    Wed
    28 °
    Thu
    27 °
    Fri
    28 °
    Sat
    19 °
    spot_imgspot_img