Мицкоски со предлог за намалување на акцизата на бензините, треба да поевтинат за 13 и 9 денари

ФБ статус на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Истиот го пренесуваме во целост:

Во крајната цена 89,5 ден/литар на БС95 се содржани:

⁃ 53 денари/литар (во оваа цена се вклучени цената на горивото, маржата и дистрибуцијата)

⁃ 22 денари/литар (во оваа цена е вклучена акцизата)

⁃ 1 денар/литар (во оваа цена се вклучени надомест за животна средина и надомест за резерви на нафта)

⁃ 13,5 денари/литар (ДДВ).

Доколку се намали на 50% акцизата на горивата како што предлага ВМРО-ДПМНЕ и наместо 22 денари/литар биде 11 денари/литар, тогаш вкупната цена ќе биде околу 13 денари/литар поевтина.

Во крајната цена 85,5 ден/литар на дизелот се содржани:

⁃ 56,5 денари/литар (во оваа цена се вклучени цената на горивото, маржата и дистрибуцијата)

⁃ 15,5 денари/литар (во оваа цена е вклучена акцизата)

⁃ 0,5 денар/литар (во оваа цена се вклучени надомест за животна средина и надомест за резерви на нафта)

⁃ 13 денари/литар (ДДВ).

Доколку, како што предлага ВМРО-ДПМНЕ, се намали на 50% акцизата на горивата и наместо 15,5 денари/литар биде 7,75 денари/литар, тогаш вкупната цена ќе биде околу 9 денари/литар поевтина.