(ВИДЕО) Курти нападнат со цреши пред Владата, телохранителите го брани со чадор

0
234

Активисти на Социјалдемократска партија на Косово фрлаа цреши кон премиерот Албин Курти, јавуваат албанските медиуми.

Акцијата наречена „Грст цреши за премиерот“ се одржа пред влезот на владината зграда поради, според организаторите, договорот за табличките што синоќа го направија Белград и Приштина. Курти со помош на обезбедувањето успеа да им избега на „напаѓачите“.

Лидерот на партијата СДК Дардан Моликај го објави видеото на социјалните мрежи и му порача на Курти.

– Штотуку му ги вративме црешите на Курти, тие се само за него. Нека ги сноси последиците – напиша Моликај.

Тој во своето обраќање пред новинарите укажа на фактот дека Курти се обидел да влезе во зградата „тајно“, преку задната врата. Тој оцени дека тоа „укажува на штетните договори што ги прави“ и рече дека ќе продолжи со слични акции.

СДП наведува дека Курти користел датуми и рокови за промовирање на имиџот на отпорот.

видео: ФБ Дардан Моликај