Австралиските власти ја објавија видео-снимката, на која може да се види како пет лава успеваат да ја пробијат заштитната ограда и да го напуштат заградениот простор во зоолошката градина во Таронга.
Инцидентот се случил во ноември, а надлежните дознале за бекството на лавовите неколку дена подоцна, по прегледувањето на снимката од надзорните камери.
Интересно е тоа што лавовите по кусата прошетка се вратиле назад во зоолошката.
slobodenpecat.mk