(Вознемирувачко видео) Камионџија почна да тепа и да гази активисти на пат

Бесен возач на камион ја изгуби работата откако беше снимен моментот кога се залета со камионот во активисти за климатски промени кои протестираа на главниот пат.

 

Во средата, шест демонстранти застанаа на патот во Штралзунд, Германија, и го запреа неговиот камион.

На видеото кое брзо почна да кружи на социјалните мрежи се гледа како возачот (41) излегува од камионот и потоа влече еден од демонстрантите на патеката. Тој потоа го турна другиот на земја и го удри со тупаници, а потоа се врати во возилото.

Потоа со камионот влета во двајцата мажи, туркајќи го едниот неколку метри со камионот по асфалтот. За малку ќе го прегазеше пред да закочи.

Извор: Инфомакс