Тимот за санкции од САД пристигна во Македонија – поагресивно ќе ја истражува корупцијата и кај сегашни функционери

0
287

Тимот за санкции од САД пристигна во Македонија за да изврши увид во бившите и сегашните корумпирани функционери, по што ќе следува и соодветен одговор, објави американската амбасадорка Анџела Агелер на Твитер.

„Тимот за санкции од Вашингтон е тука заради поагресивен поглед на минатите и сегашните корумпирани актери и да ги разгледа сите можни одговори. На правосудниот сектор во Северна Македонија му требаат повеќе истраги и гонење за да се покаже дека никој не е над законот“, напиша Агелер на Твитер.

Ова следува неколку дена откако Габриел Ескобар, заменик-помошник на државниот секретар на САД, изјави дека американските санкции за корумпираните политичари од Балканот имаат ефект и дека САД ќе продолжат со санкционирање корумпирани функционери од регионот.

извор: TWITTER Ambassador Angela Aggeler