(ВИДЕО) Како изгледаше „огнената“ хрватка во 2016та?!

Хрватската навивачка Ивана Кнол, која предизвика бурни реакции на Светското првенство во Катар, не изгледала секогаш како денес.

Ако некој успеал да биде главна ѕвезда на Мундијалот, без да биде на теренот, тоа е дефинитивно Ивана Кнол. Жешката Хрватка беше прогласена за најубава навивачка во Катар, а светските медиуми со недели зујат за неа.

Таа привлекува огромно внимание со модните комбинации со мотиви на хрватската шаховница.
Најголемо внимание привлече кога и шеиците посегнаа по мобилните телефони за да ја фотографираат.

Сите ги знаат посебните правила на облекување во Катар, па има и такви кои не ја поддржуваат Ивана што ги истакнува нејзините атрибути.
Како и да е, оваа атрактивна Хрватка е навикната да се фали со својата убавина.

Си ја проба среќата во 2016 година кога се натпреваруваше за Мис Загреб. Не успеа да победи, но беше прогласена за втора придружничка. Малку подоцна, во истата година, Ивана сакаше да ја освои титулата на изборот за Мис на Хрватска. Успеа да влезе во финалето како Мис на дијаспората, но и тогаш не успеа да ја освои круната.
Таа денес ги истакнува сите свои атрибути – облините ги истакнува со тесна гардероба, сака силна шминка, а особено црвениот кармин кој обожава да го носи за време на натпреварите. Сепак, Ивана изгледаше малку поинаку во 2016 година. За време на натпреварот носеше лелеави, елегантни фустани, минимална шминка и не ги истакна своите бујни гради. Многумина сметаат дека тогаш била поубава, но проценете сами.

Да потсетиме дека британски The Sun, американски The New York Post и австриски Heute се само дел од светските медиуми кои пишуваа за Ивана. Верувале или не, повеќе од половина милион луѓе ја заследиле Хрватката од почетокот на Светското првенство. Погледнете како изгледаше Ивана Кнол пред шест години:

 

kajgana.mk