Приватните превозници ги послушаа сугестиите од премиерот Димитар Ковачевски и ќе ги повлечат автобусите кои ја блокираа „Илинденска“, по што ќе чекаат повик од претседателот на Владата, но и од претставниците на Градот Скопје и ЈСП за средба.
– По оваа прес-конференција сите автобуси кои се на улицата ќе се повлечат за да продолжи дијалогот. Се прифаќа идејата ние како претставници на приватните превозници кои располагаме со таа документација, да ја презентираме на средбата, а прифаќаме и инсистираме на таа средба да има претставници од Град Скопје, но и од ЈСП за да ги соочиме аргументите на трите страни, вели Ленин Јовановски од „Слобода превоз“.
Јовановски кажа дека приватните превозници ќе изготват ново барање во однос на тоа што го кажа премиерот и ќе ги исполнат неговите сугестии.