Семејна драма во Скопје: Жена пријави дека зетот им се заканувал со пиштол

0
190

На 12.12.2022 во 13.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, А.Ш.(40) од Скопје пријавила дека на 10.12.2022 во семејната куќа на ул.„Славеј Планина“, Ш.Ш., сопругот на нејзината сестра, агресивно се однесувал кон неа и со огнено оружје ѝ се заканил нејзе и на нејзината малолетна внука.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

извор: МВР