Македонски државјанин пронајден мртов во Бугарија, веста се шири на социјалните мрежи на медиумите нема ништо

0
355

Боби Илиоски на својот фејсбук профил сподели за трагедијата што се случила во соседна Бугарија. Имено станува збор за македонск и државјанин кој бил пронајден мтров, а настанот се случил изминатиот викенд.

-Сабота, 17ти Декември, е убиен македонски државјанин во соседна Бугарија, Стојан Спасов. Два дена после неговата смрт, никој од македонските медиуми не го објавува случајот. Столе е пронајден мртов пред шопинг мол. Телото е на обдукција и се уште не знаат како е настаната смртта. Апелирам до медиумите да ја објават веста за неговата смрт! Истовремено апелирам до македонската полиција и до македонските служби да помогне во обдукцијата да се дознае вистинската причина за смртта, и да помогне за враќање на телото во нашата држава, напиша тој.