Лавина во Австрија, десет луѓе затрупани во снег

ЛАВИНА денеска затрупа околу десет лица во ски-центар во Австрија, иако нивниот точен број не е познат, јавува австриската новинска агенција АПА. Едно лице е спасено. Лавината започна околу 15 часот во реонот на врвот Триткопф, висок 2.700 метри, во скијачката област Лех и Зурс во провинцијата Форарлберг.

На местото на несреќата веднаш се испратени неколку хеликоптери со спасувачки екипи. „Правиме се што е можно за да ги спасиме луѓето“, се вели во соопштението на општината Лех.

 

 

 

index.hr