Арктичка бура причина за смртта на 26 лица во САД

Арткичка зимска бура во петокот зафати делови од САД, во која смртно настрадаа 26 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според вестите што ги објави Си-ен-ен (CNN), во инцидентите поврзани со временските непогоди во САД, животот го загубија 8 лица во Охајо, 7 во Њујорк, по 3 во Канзас и Кентаки и по едно лице во Мисури, Тенеси и Висконси.

Марк Полонкарц, официјален претставник на округот Ири во американската сојузна држава Њујорк, потврди дека уште 4 лица починале вчера поради обилните врнежи од снег.

Во некои региони со обилни врнежи од снег прогласена е вонредна состојба и воведена е забрана за возење.

Милиони луѓе се затворени во своите домови, без струја поради снежната бура.

„Смртоносна бура“, која се прошири од Големите Езера во Канада до Рио Гранде на мексиканската граница, негативно влијаеше на речиси 60 отсто од населението на САД.

Интернет страницата за следење на авио-летови „FlightAware“ објави дека вчера (25 декември) се откажани 1.645 домашни и меѓународни летови и одложени се 3.869 летови во САД.

Националната служба за метеорологија наведе дека вчера наутро висината на снежната прекривка на меѓународниот аеродром Буфало Нијагара достигнала 109 сантиметри.

Во САД, 21 декември, националните и локалните агенции за информирање на временската состојба предупредија на големи студови и снежни услови што се случуваат „еднаш во генерација“.

Националната служба за метеорологија (NOAA) објави дека во некои делови од земјата се приближуваат ладни временски услови какви немало во последните 40 години.

Службата за метеорологија истакна дека „обилни врнежи од снег можат да го отежнат или оневозможат патувањето и можат да бидат опасни по живот“.

Поради невремето, приземјата на некои болници и деловни објекти на брегот на Њу Џерси со поглед кон Менхетн се поплавени од реката Хадсон.

 

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото:Агенција Анадолија (АА).