ФОКУС.мк: Опожареното „ауди“ што го возел Груби се поврзува со фирма за осветлување, која купи хотел на Шапка?

0
429

Според информациите на „Фокус“  како сопственик на возилото кое го користел Артан Груби е заведен содружник на „Еуро Ком Лигхтинг“, човек-фирма што неколку години работи со загуба, за која „Фокус“ пишуваше кога го купи хотелот на „Гранит“ на Попова Шапка, непосредно пред градежниот гигант да го добие вториот милионски тендер за комплетирање на автопатската траса кон Блаце.

Kомпанијата „Еуро Ком Лигхтинг“, фирма за осветлување со еден вработен, која неколку години наназад работи со загуба, го купила хотелот на „Гранит“ на Попова Шапка за 55 илјади евра, непосредно пред градежниот гигант да го склучи вториот договор со ЈП за државни патишта на чело со Ејуп Рустеми од ДУИ за комплетирање на автопатската траса до Блаце од 2 километри

Повеќе на „Фокус.мк“