Патник доживеал срцев удар за време на летот Истанбул – Сан Франциско

0
251

Патнички авион на Туркиш ерлајнс кој летал од Истанбул до Сан Франциско се вратил во Истанбул откако навлегол во бугарскиот воздушен простор.

Причина – еден од патниците доживеал срцев удар за време на летот, јави БНР.

Според информациите на компанијата, патникот кој доживеал срцев удар е 74-годишен американски државјанин.