На шеталиштето покрај реката Сава, во ново изградениот дел „Белград на вода“ ќе наидете на штанд за продавање пијалоци кој се вика „Македонац“ ( превод на Српски од зборот Македонец )
Белград секоја нова година е центар на забавата на Балканот, и десетици илјади туристи таму ги поминуваат празниците. Штандовите на шеталиштето на Белград на вода ќе работат до Православна нова година, па ако случајно сте во посета на главниот град на Србија, посетете го штандот „Македонац“.
Шеталиштето на Сава е вистинска атракција, претворено е во вистинско Божиќно село. Покрај рестораните и кафетериите кои работат цела година , за празниците дополнително се поставени штандови, неколку лизгалишта и други реквизити за забава.