На 08.01.2023 во 19.30 часот во СВР Охрид, 45-годишен жител на Охрид пријавил дека околу 16.00 часот во семејниот дом, по кратка расправија, неговата 67 годишна мајка фрлала тврди предмети кон него и му нанела повреди.
Жената била повикана во полициска станица и со неа бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
извор: СВР Охрид