DW: Што се крие зад враќањето на Даравелски во земјата?

Враќањето на Драган Даравелски во земјата по 20 години бегство отвори бројни правни дилеми во јавноста. Иако државата во повеќе наврати бараше од Белград да го екстрадира поранешниот директор на Царинската управа, кој се бараше за издржување на седумгодишна затворска казна, оној момент кога се чини дека сите кренаа раце од случајот, Даравелски „мистериозно“ сам се појави на граничниот премин на Табановце. Во дел од медиумите се споменува и дека неговото доаѓање наводно било најавено со анонимна дојава, објави DW. 

Даравелски се враќа дома по дводецениско бегство, во период кога согласно македонските закони, би можел по различни основи да го избегне одлежувањето на повеќегодишната казна затвор. Засега сѐ се базира на претпоставки, коишто треба да ги разјасни Основниот суд во Куманово, кој што е надлежен за предметот кој се водел за Даравелски, но и ја има распишано потерницата по него во април 2013 годинa. Упатства за тоа како понатаму ќе се поставува со бегалецот чекаат и од Управата за извршување санкции, кои засега не знаат дали и кога застарува извршувањето на неговата казна.

Правни дилеми

Поранешниот директор на Царинската управа во 2007 година беше осуден во отсуство на 7 години затвор поради злоупотреба на службената положба и овластување во периодот од 1999 до 2002 година, со што се проневерени 2,5 милиони евра. Против него беа поднесени неколку кривични пријави за злоупотреба на службената должност и овластувања. Една од нив беше и за неуплатување на приходите од царините во буџетот на државата и за отуѓување возила, сопственост на царината и на други институции.

Согласно Кривичниот законик, застареноста на извршување на казната подразбира неможност да се започне со извршување на изречената казна со изминувањето на рокот, кој во законот е определен како рок на застареност, почнувајќи од денот на правосилноста на судската одлука. Доколку со закон поинаку не е определено, изречената казна не може да се изврши кога ќе поминат 30 години од осуда на доживотен затвор, 20 години од осуда на затвор над десет години, 10 години од осуда на затвор над пет години, пет години од осуда на затвор над три години, три години од осуда на затвор над една година и две години од осуда на затвор до една година или на парична казна.

Му застарува ли делото?

Текстот во целост на: DW.