Премиерот на Албанија Еди Рама вечерва во Тирана свика средба на сите шефови на албанските политички партии на Македонија.
Сите пет албански политички партии во Македонија не одговориле на поканата на албанскиот премие Еди Рама за вечерата во вилата 30. Недостасува Билал Касами од Движењето Беса. Во меѓувреме, присутни се Али Ахмети од ДУИ, Мендух Тачи од ДПА, Арбен Таравари од Алијанса и Африм Гаши од Алтернатива. Ахмети е придружуван и од вицепремиерот Артан Груби.
Според албанските медиуми ова е средба која предизвика многу дебати во Скопје. Според првиот човек на Беса, оваа средба се одржува за да се затворат сите проблеми кои партијата на Али Ахмет ги отвори во владата, додека други аналитичари и македонската опозиција изјавуваат дека оваа средба се одржува за да им се помогне на албанските партии да ја задржат на власт партијата на Ковачевски.
Од кабинетот на Еди Рама се вели дека средбата се одржува на разговори за предизвиците на албанските партии во Македонија. Во меѓувреме, неколку минути пред почетокот на средбата, за ТВ Клан изјава даде претседатлеот на ДУИ, Али Ахмети. Според него, таму ќе се разговара за демократската иднина на Македонија.
Тој не исклучил дека ќе има разговори за уставните измени, но фокусот нема да биде на ова прашање.
Уставните измени мора да се изгласаат во текот на оваа година, на што не се согласува опозицијата, појаснуваат од ТВ Клан и додаваат дека опозицијата не се согласува да ги одобри овие амандмани во Собранието на Македонија, каде што има 120 пратеници и потребни се минимум 80 пратеници за да се изгласаат овие измени. Затоа е оваа дебата и се смета дека оваа средба треба да се фокусира на овие промени и на ставот што треба да го заземе албанскиот политички фактор во Собранието на Скопје, се додава во извештајот на ТВ Клан пред средбата во Тирана.
видео: ТВ Клан
извор: Канал 5
фото: ТВ Клан