Џамбаски со нови провокации од центарот на Скопје: Од тука почнува бугарското раѓање, бугарските премиери се родени во Македонија

0
279

Со пораки дека Македонија е бугарска, со возвишување на Ванчо Михајлов и Цар Борис трети, со повици дека Делчев, Сандаски, Груев биле Бугари, во Скопје се оддаде почит за Мара Бунева.

Во организација на ВМРО-БНД околу 100-тина граѓани среде центарот на главниот град испратија порака дека Македонија и Бугарија биле едно. Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски пред црквата Свети Димитрија ни кажа дека бугарското раѓање почнало од Македонија, објави Алфа.

-Од тука почнува бугарското раѓање, бугарските премиери се родени во Македонија, бугарските воени началници се од Охрид, тие кои што оделе по војните се од Охрид, од Ресен, од Скопје, како еден Дрангов го имате, луѓе родени во Македонија, тие се родени тука и се определени како Бугари, тоа не можете да го одречете, тоа ниту една пропаганда не може да го одрече, изјави Џамбаски.

Текстот во целост на: Алфа.