Во врска со бегството на затвореникот, а како потврда дека системот е целосно распаднат и дека Македонија нема институции, ќе споделиме со јавноста дека попладнето во затворот работел “доктор” кој е осуденик и кој издржува казна затвор и внимавајте – истиот нема никаква врска со медицина. Ниту средно медицинско нема, напиша на својот ФБ профил Драган Ковачки од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:
Значи, “доктор” затвореник дал налог да се носи друг затвореник во болница.
Во племенски заедници има подобра организација на власт.
Ова не е власт, ова е најтешка форма на клептократија.
Малку е 1 тим за корупција од САД да ни дојде. На Македонија и’ е потребен генерален ремонт. Или ќе расчистиме со бандитите во власта и во институциите, или за кратко време ќе немаме држава.
Линк од ФБ статус:
извор: ФБ Драган Ковачки