ВРЕМЕПЛОВ – Настани на денешен ден, 22 јануари

0
228

1506 Првиот контингент од 150 војници, кои имале за цел да го заштитуваат папата Јулиј II пристигнал во Рим. Овој датум официјално се смета за денот на основање на папската швајцарска гарда.

1727 Георг Фридрих Хендл се стекнува со британско државјанство.

1964 Кенет Дејвид Каунда стана прв претседател на Владата во Северна Родезија (Замбија).

1978 Првпат во историјата на космонаутиката, во вселенската орбита е остварена „операцијата снабдување“. По дводневно самостојно летање товарниот брод без екипаж „Прогрес – 1“ автоматски се спои со системот „Саљут – 6“ – „Сојуз – 27“. Ова летало однесе во вселената гориво за моторите, материјали за натамошно истражување, како и вода, воздух и храна за космонаутите.

1990 Делегатите од Македонија, Словенија и Хрватска го напушаат 14-тиот и последен Конгрес на СКЈ .

2001 Еден македонски полицаец е убиен, а тројца ранети во нападот на полициската станица во Теарце, во близина на Тетово.

 

Од Википедија — слободната енциклопедија