Германски суд: Отстранувањето на кондом без согласност на другиот е сексуално вознемирување

Највисокиот граѓански и кривичен суд во Германија објави дека вадењето кондом за време на сексуален однос без согласност на друго лице сега законски може да се смета за сексуално вознемирување, изјави портпаролот на судот.

 

Неодамнешната пресуда, иако поништена поради мала формална грешка, е првпат Федералниот суд на правдата (BGH) да се занимава со темата на таков сексуален престап.

Одлуката на судот се заснова на преглед на случај со кој претходно се занимавал регионалниот суд во Дизелдорф во северозападна Германија, а кој се однесувал на сексуална врска помеѓу жена и специјалист по информатика.

 

Човекот го извадил кондомот од пакетот во неговата спална соба и се преправал дека го става. Жената која се свртела не видела дека тој воопшто не ја ставил заштитата.

 

На судењето рекла дека никогаш нема да има незаштитен секс, па судот утврдил дека имало сексуални односи без согласност.

Федералниот суд на правдата пресуди дека регионалниот суд бил во право што го третирал случајот како сексуално вознемирување. Дека жената имала незаштитен орален секс со мажот непосредно пред тоа, не е важно за случајот, велат од судот.

Портпаролот додаде дека регионалниот суд можел да го осуди човекот дури и за силување, а не за сексуален напад.

 

Регионалниот суд во Дизелдорф осуди сериски корисник на апликации за запознавање на три години затвор.

 

Но, пресудата е поништена од процесни причини, бидејќи подрачниот суд не му испратил навреме известување.

 

index.hr