Мицкоски на средба со оризопроизводителите: Власта не ги решава проблемите на земјоделците, идната владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди мерки со кои откупот и цената на оризот ќе биде загарантирана

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски заедно со Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на партијата, денеска остварија средба во оризопроизводителите од општина Чешиново Облешево.

На средбата се разговараше за актуелна состојба во земјоделството, како и проблемите со кои се соочуваат оризопроизводотелите.

Од страна на оризопроизводителите беше потенцирано дека цената по која се откупува оризот е далеку под рентабилната цена, како и дека се доцни со исплата на основните субвенции и дополнителните мерки за оваа категорија, укажувајќи дека се на работ на егзистенција.

Оризопроизводителите се пожалија дека проблемите со откупот и цената се наталожуваат бидејќи владата на СДСМ е незаинтересирана и нема слух за решавање на нивните проблеми со кои се соочуваат.

Оризопроизводителите побараа законски измени во Законот за стокови резерви за да оризот да се откупува за стоковите резерви како би им се помогнало на големиот дел на оризопроизводителите.

Претседателот Мицкоски потенцираше дека новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди мерки кои ќе значат враќање на достоинството, вреднување на нивниот труд и мака, и излез од тешката ситуација во која ги донесе власта, не само на оризопроизводителите туку и на сите земјоделци во државата.

извор: ВМРО ДПМНЕ