Агенција Анадолија: Терористи на ПКК извршија ракетен напад врз регионот зафатен од земјотресот

0
211

Терористичката организација ПКК/ЈПГ изведе напад со повеќецевен ракетен систем од подрачјето Тел Рифат врз граничниот премин Онџупинар, во близина на турскиот град Килис, известува Анадолу.

До нападот дојде ден откако регионот го потресоа два разорни земјотреси.

„Терористичката организација ПКК/ЈПГ, на која хуманоста и е непозната, го искористи дури и земјотресот и подло изведе напад со повеќецевен ракетен систем од Тел Рифат врз зоната на одговорност на турскиот граничен премин Онџупинар. Иако нашите единици не претрпеа загуби ниту каква било штета, возвратено е со истрели кон непријателските цели“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана на Туркије.

ПКК, која се наоѓа на листите на терористички организации во Туркије, САД и Европската унија, во период од 35 години усмрти повеќе од 40.000 луѓе, меѓу кои има и жени, деца и стари лица. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.

извор:Анадолу.
фото: Анадолу.