(ВОЗНЕМИРУВАЧКО) Татко ја држи за рака својата мртва ќерка закопана под урнатините во турски град

0
173

Бројот на загинати во двата разорни земјотреси што вчера ги погодија јужна Турција и северозападна Сирија се искачи на повеќе од 5.100, а десетици илјади се повредени. Земјотресите оставија илјадници луѓе без покрив над главата, додека цели станбени блокови беа срамнети со земја.

Спасувачите трчаат во трка со времето. Бројот на загинати расте со голема брзина. СЗО претходно денеска процени дека бројот на загинати може да се искачи на 20.000.

 

Покрај последователните потреси, спасувачите имаат голема борба и со студот. Луѓето се заробени под урнатините каде што се изложени на ризик од смрт од студ, глад или повреди.

Една од најшокантните фотографии доаѓа од разурнатиот од земјотресот град Кахраманмарас. Месут Ханчер ја држи за рака својата петнаесетгодишна ќерка. Таа лежи мртва на креветот, закопана во урнатините. Не е можно да се извлече.

 

 

index.hr