Ердоган во посета на регионите на југот од Турција погодени од земјотресите

0
197

Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, денеска ќе престојува во посета на подрачјата на југот од земјата кои се разорени од силните земјотреси, известува „Анадолу“.

Претседателот Ердоган ќе ги посети погодените подрачја и на самото место ќе биде информиран за состојбата на теренот и координацијата на активностите во потрагата и спасувањето.

Како што е планирано, претседателот на Туркије, по обиколката на Кахраманмараш, ќе го обиколи и Пазарџик, а потоа и Хатај.

„Најмалку 7.108 лица загинаа, а 40.910 се повредени од разорувањата што ги предизвикаа силните земјотреси кои во понеделникот ги потресоа јужните региони на Туркије“, потврди Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), заклучно со 10:35 часот по локално време.

извор:„Анадолу“.

фото:„Анадолу“.