Учител истепал ученик во основно училиште во Гази Баба

0
157

Завчера бил нападнат ученик од страна на неговиот учител во основно училиште во Гази Баба.

– На 09.022023 во 11.00 часот во Полициска станица Гази Баба, Н.Ј.(51) пријавил дека на 07.02.2023 околу 11.00 часот неговиот малолетен внук бил физички нападнат од страна на учител во основно училиште на подрачјето на Гази Баба. Во врска со случајот, на 08.02.2023 во 22.40 часот од ГОБ „Св.Наум Охридски” е пријавено дека кај нив е донесен повреден малолетник кој бил физички нападнат од учителот, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

извор:МВР