Бомба од Втората светска војна неочекувано експлодира во градот Грејт Јармут во Обединетото Кралство и создаде густи облаци од чад во воздухот над овој град.
Камерите ја снимиле експлозијата, а ерупцијата денеска се почувствувала низ градот кога околу 17 часот во центарот на операцијата за деактивирање експлодирала воена бомба од Втората светска војна.
The unexploded bomb in #GreatYarmouth detonated earlier during work to disarm it. Our drone captured the moment. We can confirm that no one was injured. Public safety has been at the heart of our decision making all the way through this operation, which we know has been lengthy. pic.twitter.com/9SaeYmHkrb
— Norfolk Police (@NorfolkPolice) February 10, 2023
Полицијата на ова подрачје потврди дека „не се работи за планирана детонација“ и дека „се случила при бавното разоружување на експлозивот“.
Тие изјавија и дека нема повредени лица. Овој дел од градот останува затворен за проверки, а полицијата ги известила жителите дека можат да се вратат во своите домови.
Целиот персонал на војската и итната помош е вклучен во оваа ситуација.
Жителите на околните градови на оддалеченост од 24 километри изјавија дека ја слушнале експлозијата.
Бомбата долга околу еден метар и тешка 250 килограми ја открил работник кој работел на изградба на премин преку реката Јара.
Експлозијата била ублажена со „песочна тврдина“.
видео: TWITTER