Кинеската полиција тренирала верверички да откриваат дрога на границите

0
191

Кинеската полиција успешно тренирала верверички да осетат дрога долж границата во општина Чонгкинг во југозападна Кина, објави Вашингтон пост.

Јин Џин, дресер на полициски кучиња, изјави за државните медиуми дека шест евроазиски црвени верверички биле обучени како алтернатива на кучешките единици за наркотици.

„Групата верверички заврши одлична работа, но бидејќи тоа беше повеќегодишен процес, тие нема да бидат официјално распоредени некое време“, додаде Џин.

Според Џин, верверичките се добри кандидати за откривање дрога бидејќи имаат одлично сетило за мирис, можат да маневрираат на мали области и да достигнат височини кои би биле недостапни за кучето.

“Тие имаат прилично силно сетило за мирис. Кога ќе откријат присуство на недозволена супстанција, тие се обучени да почнат да гребат за да го предупредат полицаецот каде е дрогата”, објасни Џин.

Обуката на верверичките е дел од имплементацијата на политиката на нулта толеранција за дрогата, која започна во Кина минатата година.

 

24sata.hr