ВРЕМЕПЛОВ- На денешен ден 1952г Турција стана членкa на НАТО.

0
113

1861 Првиот парламент на Италија го прогласи за крал Виктор Емануел II.

1915 Прва светска војна: Германија со помош на подморници ја започна поморската блокада на Велика Британија.

1945 Во Скопје е отворен Работничкиот дом, прв во Народна Република Македонија.

1952 Грција стана членкa на НАТО.

1952 Турција стана членкa на НАТО.

1960 Аргентина, Бразил, Мексико, Парагвај, Перу, Уругвај и Чиле се договорија да формираат Латиноамериканско здружение за слободна трговија.

1965 Прогласена е независност на африканската држава Гамбија во рамките на Британскиот комонвелт.

1992 Собранието на Република Македонија донесе одлука за формирање на Македонска информативна агенција (МИА) како јавен информативен сервис. Првата вест МИА ја емитуваше на 30 септември 1998 година.

1994 Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и САД на ниво на амбасади.

 

Од Википедија — слободната енциклопедија